Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДС
Има разлика, сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за да гради фотоволтаична централа со потпис на Груби.
Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива над 1000 м2 државно земјиште за изградба на фотоволтаична централа во Радовишко, и тоа по багателна цена за евро квадрат.
Сопругата на Ковачевски ќе произведува струја, додека нејзиниот сопруг е премиер.
Ковачевски кој што тврдеше дека излегол од бизнисот, откако е функционер, сега влезе неговата сопруга.
И додека сопругата на Ковачевски отвора фирми и добива поволности од државата, илјадници фирми низ државата мака мачат со исплата на плати.
Со СДС на власт добро им оди само на ним блиските фирми. Навистина има разлика.
