Квалитетот на образованието со СДС и ДУИ е во константен пад. Квалитетот на образованието кое го добиваат учениците и студентите последниве 6 години, од година во година е се полош.
Најновото рангирање на Центарот за рангирање на светските универзитети бележи пад од 26 места на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Од катастрофалното 1964 место на кое УКИМ бил позициониран лани, сега е на 1990 место. Падот на оваа листа е континуиран од 2019 година, и е вкупен пад за 174 места.
УКИМ е зад регионалните универзитети кои порано биле негова конкуренција. Имено со СДС и ДУИ, УКИМ е зад Универзитетите во Белград кој е рангирана на високото 362, зад универзитетот во Љубљана, кој е на високото 428, зад Загреб, но и зад Нови Сад и Ријека кои се под 1000-то место.
Со СДС и ДУИ на власт УКИМ е и зад универзитетите во градови како Крагујевац, зад нишкиот универзитет кој е на 1688 место и универзитетот во Осијек кој е на 1925 место.
Почитувани граѓани она што е важно е да се нотира дека при рангирањето универзитетите се оценуваат според четири мерки: образование, можност за вработување, настава и истражување.
Со СДС и ДУИ, УКИМ не само што не е во првите 1000 универзитети, но се соочува и со сериозен предизвик од следната година да не биде ниту во првите 2000 универзитети.
А тука вредно е да потсетитме дека СДС ветуваше зголемување на квалитетот на образованието и подобри услови за студирање. 6 години не само што нема подобрување, напротив, секоја година состојбата во образованието е се полоша.
СДС и ДУИ системски го деградираат УКИМ како што тоа го прават со целата држава со години наназад. Свесно не се инвестира во инфраструктура на универзитетот, во научен материјал и не се одобруваат средства за истражувања. Студентите пак кои завршуваат со студии полесно доаѓаат до работа надвор, наместо во Македонија.
Почитувани, ова е уште еден пораз за Македонија.Односот на власта на СДС и ДУИ кон УКИМ и воопшто кон високото образование во целина е потценувачки.
ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт ќе го промени тој пристап, и високото образование ќе се врати на пиедесталот на приоритети на владата.