Поразената ВМРО-ДПМНЕ си вергла по старо, едни исти невистини, лажна загриженост, ништо ново, далеку од јавниот интерес и интересите на граѓаните, реагира СДСМ.
„Епидемијата од морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради криминалните, катастрофални политики токму на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години, уништувањето на здравствениот систем и целосната негрижа за здравјето на граѓаните. Дури и прогласувањето на епидемијата ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше, а ако не се случеше ситуацијата сега ќе беше алармантна. Министерството за здравство ги презема сите потребни мерки и чекори за заштите на здравјето на граѓаните. Меѓу другото се спроведува и акцијата за вакцинирање и ревакцинирање, со што веќе над 24 илјади вакцинирани дечиња од почетокот на епидемијата“, велат од СДСМ.
Владејачката партија тврди дека нема простор за паника, а граѓаните треба да ги следат препораките на Министерството и да не подлегнуваат на невистините што ги шири ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до јавните набавки во Министерството за здравство, од СДСМ велат дека јавното обвинителство за гонење организиран криминал јавно потврдило дека се кристално чисти и законски.