Ковачевски: Неприфатливо е неоснованите обвинувања од Софија да се злоупотребуваат за политички цели

Според премиерот Димитар Ковачевски дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина.

Ковачевски за време на четвртиот самит на Советот на Европа, изјави дека е неприфатливо обвинувањата од Софија да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа.

-Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа, истакна премиерот.

Тој додаде дека обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права.

Треба да знаете
Последни објави