Тројца загинати, илјадници евакуирани во поплавите во северна Италија

Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета по должината на јадранскиот брег на земјата. Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, три лица го загубија животот, а илјадници се евакуирани, објавија италијанските медиуми.

Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите и се удавил, а има извештаи и за исчезнати лица.

Провинциите Равена, Форли-Чезена, Римини и Болоња, а особено градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба и посочи дека распоредила 400 пожарникари и одговорила на 600 повици од вчера наутро.

Пожарникарите ги спасувале луѓето што останале заробени во своите домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во градот Чезена, каде што реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасиле десетици луѓе заробени на покривите од своите куќи.

Треба да знаете
Последни објави