Магдебург и ПСЖ се првите тимови кои и официјално се пласираа на завршнот фајнал-фор турнир во ракометната Лига на шампиони.
Германците за победата од 30-28 над Висла Плоцк треба да му заблагодарат на Холанѓанецот Каи Смитс кој вечерва постигна дури 14 голови. Осум голови даде Дамгард, четири имаше Мајстер, па ова е триото кое е најзаслужно што Магдебург за првпат после 2004 година е полуфиналист во ЛШ.
Првиот меч во Полска заврши нерешено, а и вечерва беше тесно, но пресуди серијата од 3-0 по која домашните се одлепија на 29-26.
ПСЖ повторно се враќа на Фајн Фор турнирот откако пред своите навивачи го совлада германскиот гигант Кил со 32-29 (17-15) и го завери билетот за Келн. По првиот четврфинален дуел на овие два ракометни гиганти, кој се одигра во Германија, ПСЖ создаде капитал од четири голови предност.
Ова значи враќање на ракометниот гигант на сцената во Келн по една година пауза и нова можност за тренерот Раул Гонзалес конечно да ја освои титулата во Лигата на шампионите по долга низа неуспешни обиди. Последен пат Гонзалес се радуваше на трофејот во елитното натпреварување со Вардар во 2017 година. Од 2019 тој е на кормилото на ПСЖ. Ова е петти пласман на ПСЖ во завршницата на Лигата на шампионите.
Кристопанс беше најефикасен во домашната екипа со 6 голови,Стеинс и Ненадиќ постигнаа по 5 голови. Кај Кил, Овебри шутираше прецизно 5 пати, а Сагосен и Егберг постигнаа по 4 голови.