Еврејската Библија стара илјада години, најстарата за која е познато дека е речиси завршена, денеска е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 38,1 милиони долари и ќе биде дадена на Музејот на еврејскиот народ во Тел Авив, објави Сотби.
Sassoon Codex, именуван по неговиот најпознат сопственик, Дејвид Соломон Сасун, го купи поранешниот американски амбасадор и филантроп Алфред Мозес и неговото семејство.
Сотби објави дека купувањето е направено „за добробит на американските пријатели на Музејот на еврејскиот народ“ и дека е донирано на оваа институција.