„Пред нас е законот за урбанистичко планирање и одма на почетокот ќе кажам да и овде ќе има пенали и тоа огромни средства кои ќе мора да се одлеат од Буџетот на Република Македонија дополнително. А, не знаеме колку ќе бидат истите и колку во суштина ќе претставуваат оптеретување на Република Македонија. И овој закон и како другите стига со европско знаменце со празна коресподентна табела, затоа што многу јасно Владата нема што да напише ништо линк европско помеѓу овој закон и законите во Европа”, истакна Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Трајанов додаде дека мислењето на канцеларијата на ЕУ е многу јасно и бараат дополнителни објаснувања од Владата зошто се злоупотребува европското знаменце, зошто се заобиколува процедурата и демократијата во Република Македонија.
„Покрај другото во самиот закон се воспоставува лоша пракса затоа што не е само овој коридор, се додаваат многу ситуации кога би можел да се користи овој закон односно секој проект кој во Собранието ќе биде прогласен за стратешки без разлика на својата големина, значение ќе биде ставен и ќе биде во функција. Сите овие закони ќе бидат ставени за да истиот да помине без проблеми од страна на Парламентот. За жал овој проект го следат многу контроверзии”, рече пратеникот.
Тој посочи дека законот е донесен пред две години, а во меѓувреме Уставен суд укина член кој упорно се турка од страна на мнозинството.
„Целата работа околу законот се сведува на надзорот кој има клучна улога во овој тип на проектирање меѓутоа видовме со какви контроверзии беше избран надзорот за самиот проект се со цел Владата да најде начин како преку свои инсталации, преку свои луѓе да манипулира во однос на сите детали во однос на автопатишта” рече Трајанов.