И покрај лошата сезона годинава, шпанскиот кралски клуб има причина за славење, откако „Сантијаго Бернабеу” е прогласен за најпосетен стадион во светот.
Стадионот на Реал Мадрид, според „Бренд финанс” успеал да го освои првото место и по присуството на навивачите, оставајќи ги зад себе тие на Тотенхем и Манчестер јунајтед.
Според истиот извор, „кралевите” се прогласени најскапоцен бренд во светот, според интересот на медиумите и влијанието на еден натпревар во текот на сезоната, а зад нив се „црвените џаволи”.
Се проценува дека домот на Реал вреди околу 1,5 милијарди евра, а тој на Јунајтед околу 1,3 милијарди евра.