Српскиот претседател, Александар Вучиќ, попладнево пристигна во Грделица, на локацијата Косина 2, на последната и најсложена делница од автопатот на јужниот крак од Коридорот 10, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Според агенцијата, овој дел од патот во минатото предизвикал многу проблеми, а на истиот се изградени дури 36 мостови и два најдолги тунели.
Вучиќ во придружба членови на српската Влада и претставници од медиумите, со отворени автобуси направија обиколка по оваа делница која вечерва во 20 часот е официјално отворена за сообраќај.
Со претседателот на Србија, пристигнаа и премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата, како и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.
Вучиќ на обиколката на јужниот крак од Коридорот 10, истакна дека важно е оти Србија има целосна стабилност на јавните финансии за да може да гради патишта, бидејќи сама ги финансира зафатите.