Во Кисела Вода, зад автобуската станица во близина на ОУ „Круме Кепески“, во плац обраснат со трева, вчераутро е пронајдено безживотно машко тело. На овој непристапен терен редовни посетители се граѓаните кои ја посетуваат болницата за зависници каде ја земаат редовната терапија и веднаш на отворено ја косумираат.
На терен излегоа Итна медицинскла екипа и полициски службеници. По направениот увид телото со погребално возило е однесено од местото на настанот.
-На 18.05.2023 во 10.17 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев” бил пронајден починат Б.А.(37) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во извештајот на МВР.