Ливерпул киксна по седум последователни победи и потребно е чудо за шеста сезона по ред да се пласира во Лигата на шампионите.
По ремито со Астон Вила на „Енфилд“ (1:1), „црвените“ во последното коло зависат од Манчестер Јунајтед и Њукасл (кои имаат меч помалку), на кои им е доволно за да освојат по бод и да обезбедат трето и четврто место.
„Ѓаволите“ до крај го пречекуваат Челзи и гостуваат во Фулам, Њукасл игра дома со Лестер и оди на гости кај Челзи, додека Ливерпул мора да го совлада Саутемптон во гости и да се надева…
Се чини дека Ливерпул остана без елитата и порано, но и денеска затоа што против „лавовите“ беа скромни до последните петнаесетина минути.
Астон Вила промаши пенал во првото полувреме-Оли Воткинс шутираше поред голот, а потоа поведе во 27. минута преку Џејкоб Ремзи…
Предноста ја чуваа до 89-та кога Роберто Фирмино израмни, а потоа Ливерпул имаше уште десетина минути за пресврт – нападна кон голот на Емилијано Мартинез, но не создаде шанса…
Јунајтед со голот на Касемиро го совлада Борнмаут, додека Евертон во 99. минута освои бод кој може да биде решавачки во борбата за опстанок. Вулверхемптон поведе во 34.минута со голот на Хе Чан Хван , но со голот на Јери Мина во судското продолжение стигнаа о бод. Тимот од Ливерпул сега има два и три бода повеќе од Лидс и Лестер со натпревар повеќе и до крај ќе се бори за опстанок.
Немаше победник во малото лондонско дерби меѓу Фулам и Кристал Палас (2:2).