„Продолжуваме со акцијата „Ова е Македонија за сите”, четврти викенд по ред сме помеѓу граѓаните. Викендот сме во Овчеполието, ги посетивме Пеширово, Ерџелија, Мустафино, ќе одиме и во Горобинци и секаде. Ги слушаме истите изрази, истите фрази и истиот говор од македонскиот народ. Народот живее во екстремна сиромаштија, проблемите кои што се секојдневни, ветувани, а нереализирани од оваа власт продолжуваат да ги мачат”, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите”.
Мицевски додаде дека проблемите со земјоделие, кое што е примарно во овој дел од државата се навистина големи. Неисплатени субвенции за млеко, неисплатени и други субвенции. Каналот за наводнување се уште не е пуштен во функција, а веќе е средина на мај месец.
„Македонија се соочува со многу други проеблеми од здравството, од инфраструктурата, се натиснати над овие луѓе. Очекуваме дека власта ќе има слух и ќе ги слушне, а доколку не се случи тоа ВМРО-ДПМНЕ е овде ги нотира сите забелешки и заедно со граѓаните на први наредни избори ќе ја преземе власта и ќе ги реализира овие ветувања”, порача Мицевски.