Британскиот премиер Риши Сунак оцени денеска дека Кина претставува најголем предизвик за глобалната безбедност и просперитет, како и дека таа е единствената „земја која има и средства и намера да го преобликува светскиот поредок“.
На крајот од самитот на Г7 во Хирошима, тој рече дека Британија и другите земји од Г7 ќе се залагаат за заеднички пристап за намалување на предизвиците, а не за „одвојување“, пренесува Sky News.
„Кина го претставува најголемиот предизвик на нашето време за глобалната безбедност и просперитет, тие се повеќе авторитарни дома и наметливи во странство. Станува збор за отстранување на ризиците, а не за одвојување“, додаде Сунак.