Албанија ги заострува казнените мерки за кривични дела во семејството, особено кај децата.
Тоа се предвидува со Предлог- измените на Кривичниот законик, што треба да ги изгласа Законодавниот дом.
– Предлог-измени до Собранието е поднесен од Министерството за правда, каде најпрвин се бараат гласовите на пратениците за да се укине правото на намалување на казната за сторителите на кривични дела во семејството, главно насилство, јави Ора њуз.
Според новата предложена измена, судиите законски нема да можат да одземат третина од казната, како досега, ако обвинетиот се согласи на скратена судска постапка во случај на семејно насилство, така што во иднина сторителот ќе мора да ја одлежи во целост, согласно законот.
Нема да има толеранција за убивање дете и казната ќе биде максимална-доживотна.
– Зголемените случаи на семејно насилство, главно врз жени, како и убиства на малолетници, се показател дека треба да се преземат вакви присилни мерки за сторителите на кривични дела, не давајќи им можност да бидат ослободени порано од законски определеното време, додава телевизијата.