Скопски Вардар е на пат по девегодишна пауза да се врати во елитното клупско фудбалско првенство во Македонија, откако во баражаот за прволигашки статус против градскиот ривал Скопје на неутрален терен по нешто повеќе од еден час игра има предност од 2:0. Напаѓачот на Вардар, Дарко Размоски е стрелец на двата гола, на почетокот од првото и второто полувреме.
Размоски прво погоди во 3 минута, а вторпат ја затресем мрержата на тимот од Автокоманда во 49 минута.