Баерн нејверојатно ќе остане без титулата шампион во германската фудбалска бундеслигашка конкуренција за првпат по 2012 година. Баварците во саботата во Минхен загубија од третопласираниот Лајпциг со 1:3 во претпоследното, 33. коло и и дадоа шанса на Борусија Дортмунд да ја прекине доминицаијата на Баерн. „Милионерите“ ја искористија укажаната шанса, го совладаа како гости Аугсбург (0:3) се вратија на врвот на табелата и сега се имаа во своите раце во последните 90 минути.
„Ако ја загубиме титулата, јас ќе бидам одговорен, нема да барам изговори и ќе се обидам да бидам многу подобар следната сезона. Да беше се добро пред мене, Баерн немаше да го смени тренерот“, изјави Тухел тренерот на Баернс.
Тухел пред неполни два месеци седна на клупата на баварскиот гигант. Го замени Јулијан Нагелсман, а на германската јавност никако не и беше јасен овој потег на раководството на Баерн. Актуелниот шампион на Германија дотогаш имаше перфектна серија во Лигата на шампионите, удобно прво место во Бундеслигата и беше во куп-играта. Тухел го водеше првиот натпревар на 1 април, а оттогаш до денес Баерн беше декласиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Сити, беше елиминиран од Фрајбург во купот и сега можеше да остане без шампионската титула првпат во 11 години.
Билд отворено го фаворизираше Чаби Алонсо, поранешен играч на Баварците кој одлично си ја врши работата со Баер Леверкузен, во написот со наслов „Следниот тренер на Баерн е? „Билд“ се прашува дали клупскиот директор Оливер Кан би имал приговор за Шпанецот на клупата, но додава дека под знак прашалник е дали поранешниот голман на „Елф“ и на Баерн ќе ја преживее кризата. По синоќешниот пораз, Кан, разбирливо, не штедеше зборови.
“Ова ни се случи многу пати во текот на сезоната. Ми се чини дека се се распаѓа. Не чувствував дека можеме ништо да направиме откако Лајпциг израмни. Веќе немаме ништо во раце, вкусот е горчлив, но имаме право да веруваме. Сум доживеал многу пресврти во фудбалот. Ќе биде готово дури откако ќе заврши нашиот натпревар во Келн следната сабота“, рече Кан, а ситуацијата во соблекувалната најдобро ја опиша Матијс де Лихт.
“Ме прашувате за атмосферата? Па, мртва е! Што ни преостанува… Мора да се погледнеме себеси и да се надеваме дека Дортмунд нема да слави”, изјави Холанѓанецот.