Мбапе со два гола му обезбеди нова титула на ПСЖ

ПСЖ предводен од Килијан Мбапе за период од две минути на почетокот од натпреварот оствари гостинскиот триумф против Оксер (2:1) и на две кола пред крајот на фудбалската сезона обезбеди рекордна 11 шампионска титула во Франција. ПСЖ има шест бода предност пред Ленс и подобра гол-разлика што им овозможува да прослават титула.

Мбапе првиот погодок во 6 минута гол го постигна на асистенција од Руис, а вториот по одлично додавање од Меси. Домаќинот на почетокот на второто полувреме, со голот на Синајоко намали на 1:2 но немаа сили да се спасат од пораз.

Оксер има 34 бодови, еден повеќе од Нант, кој е во зоната за испаѓање.

Треба да знаете
Последни објави