Јувентус врза две победи во Серија А

Со головите на Моизе Кен, Винстон Меккени и два на Адриен Рабио, Јувентус вечерва без проблеми го совлада Емполи со 4:0 во првиот меч од 11. коло од италијанската фудбалска Серија А. Јувентус со овој триумф врза две победи за да си ја врати самодовербата

Меккени по петти пат откако е во Серија А, дава гол со глава. И Рабио даде гол со глава, а за Кен тоа беше прв погодок сезонава.

Во минатата сезона, Емполи го изненади Јуве во Торино со 1:0.

Треба да знаете
Последни објави