Лекип: Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една години

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ, кој го врзува со парискиот клуб до 2025 година. Но во договорот има посебна клаузула, која му овозможува да избере дали ќе го раскине договорот во 2024 година или ќе остане до 2025 година. „Лекип“ открива дека договорот потпишан минатата година е про принципот 2+1.

Како што пишува „Лекип“, Мбапе одлучил да остане засега само до летото 2024 година, за да ги остави отворени сите можни опции.

ПСЖ ќе биде на ракрсница во следните неколку години. Меси и Нејмар речиси сигурно ќе го напуштат клубот, а останувањето на Мбапе ќе зависи од новите соиграчи, односно дали газдите ќе скројат тим што ќе биде способен да ја освои Лигата на шампионите.

Клубот, минатото лето му вети на Мбапе дека ќе биде центарот на нивниот проект и му даде една од највисоките плати во светот на фудбалот. Им возврати со добри игри. Оваа сезона постигна 40 гола на 41 натпревар, а додаде и девет асистенции.

ПСЖ ќе биде шампион на Франција, но испадна рано во Лигата на шампионите, па сезоната за суперскапиот тим може да се прогласи за неуспешна.

Треба да знаете
Последни објави