Русија ќе реагира „брзо и многу остро“ на напади слични на нападот на украинските диверзанти врз регионот на Белгород, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
– Ќе продолжиме да реагираме на ваквите акции на украинските милитанти брзо и многу остро – рече Шојгу, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека ќе продолжи систематската работа за поддршка на учесниците во специјалната воена операција и нивните семејства.
– За нас е важно војниците кои извршуваат задачи во зоната на специјални воени операции да знаат дека нивните роднини и пријатели се под заштита на државата – рече Шојгу.
Руската армија во вторникот објави дека ја поразила украинската диверзантска група која го нападнала пограничниот регион Белгород на Русија.
Руските сили наводно убиле повеќе од 70 „украински националисти“.