Мбапе и Меси постигнаа три гола, ПСЖ прокнижи нови три бода

Лионел Меси Килијан Мбапе меѓусебно си асистираа, а Пари Сен Жермен без мака ги освои очекуваните три бода со три гола во мрежата на Ажаксио (0:3) на гостувањето во 12. коло од Лига 1. За „светците“ ова беше десеттиот сезонски триумф.

Мбапе даде два гола и еднаш му асистираше на Меси, а Аргентинецот имаше две асистенции и еден гол за победа по која ПСЖ има 32 бода (само две ремија досега) и убедливо чекори кон одбрана на шампионската титула.

Треба да знаете
Последни објави