Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР денеска ќего посетат Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово.
Како што најави МВР, министерот Спасовски ќе има состанок со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следи разгледување на воздухопловите со опрема поставени на платото пред хеликоптерските хангари.