Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го почне походот кон титулата на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ, а според ждрепката, со Карлос Алкараз би можел да се сретне дури во полуфиналето.
Ѓоковиќ ги дозна сите ривали на патот кон трофејот, а потенцијален противник во полуфиналето му е токму Алкараз кој го презема врвот на АТП-листата на почетокот на неделата.
Србинот досега двапати го освоил турнирот во Париз, и тоа во 2016 и 2021 година.