Резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на статусот со инвестициите во тутунот во земјава, покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно, половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната презентација на студиите.
На настанот, организиран во пресрет на „31 мај – Светски ден без тутун“, како што соопшти Министерството за здравство, учествувале и Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во земјава и Сузана Ахмети Јањиќ, раководител на секторот за инклузивен просперитет во УНДП.
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%BC%D0%B5%D1%9F%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%83%D1%88%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B8%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87c5TAU/j6OQvcXEt/large.webp?use_watermark=0)
Министерот нагласил дека студии од овој тип за првпат се спроведуваат на национално ниво, кои служат за планирање на идните стратешки чекори, како и за подигнување на јавната свест во правец на зајакнување на националните активности за контрола на употреба на тутунот и тутунските производи. Земајќи ја предвид фактичката состојба дека употребата на тутун е меѓу главните фактори за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести, неопходно е планирање и преземање активни мерки за намалување на консумирањето тутун и тутунски производи.
– Со нашите партнери, разгледуваме креирање на нови, специфични активности во насока на поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјавил Меџити.
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%BC%D0%B5%D1%9F%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%83%D1%88%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B8%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87Y82bS/VL56aC0yl/large.webp?use_watermark=0)
Во рамки на денешното излагање, министерот искажал благодарност до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во заштита на здравјето на населението и зајакнување на здравствениот систем, како и до УНДП и сите агенции на Обединетите Нации (ОН), кои работат на развој и имплементација на политики, стратегии и активности, како што е Националната развојна стратегија за следните 20 години, со цел „Никој да не биде изоставен“.