Пред нас имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат.
Од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица.
Ова е момент на вистината за Мицкоски кој гледаме дека бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден.
Најпрво на средба со поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, на бугарски јазик рече дека го „поткрепа Договорот”.
Потоа рече дека не го поддржува.
Истото се случи и со премиерот Петков, дека ВМРO-ДПМНЕ нема против внесување на Бугарите во уставот за веднаш потоа да кажат дека се против.
Мицкоски велеше дека доколку еден негов пратеник гласа во Собранието, ќе даде оставка, па потоа и таа изјава ја промени.
Им земаше на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нотарски изјави со кои мафташе на прес конференции дека нема да гласаат – за потоа да рече: ‘да, поддржуваме уставни измени по хрватски модел’.
Ниту три дена не издржа оваа изјава на Мицкоски, по три дена се предомисли рече дека не важи кажаното.
Поткрепаше, па потоа не покрепаше, беше против – па беше за, бараше хрватски модел, па потоа измисли редефинирање.
Секој ден различна изјава, Мицкоски менува ставови и нема јасен, прецизен ниту конзистентен став.
Што би рекол нашиот народ како дувне ветрот така.
Наместо секој ден да дава различни изјави и да нема став, Мицкоски да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или е за Левица?
Што одлучи Мицкоски, јавноста очекува одговор?