Неверојатно последно коло во гермнаската фудбалска бундеслигашка конкуренција, каде на крајот повеќекратниот првак Баерн Минхен пак се израдува на нова титула. Баварците победија во Келн (2:1), а Борусија Дортмунд која беше првопласирана пред да се одиграат последните 90 минути ремизираше пред своите гледачи со Мајнц (2;2) и остана со празни раце.
Борусија Дортмунд мораше да го победи Мајнц, кој на овој меч влезе со четири порази по ред. Славјето веќе беше организирано и требаше да се случи по мечот, но наместо тоа се случи шок.
По првото полувреме Мајнц водеше со 2:0 со голови на Ханч-Олсен и Онисиво, Але промаши пенал за Дортмунд при еден гол негатива.
Во 69. минута Борусија Дортмунд конечно даде гол преку Гереро и намали на 1:2, а Шуле во 96. минута израмни на 2:2. До крајот имаа уште еден напад, но не направија чудо.
И оваа титула отиде кај Баерн Минхен кој со гол на Мусиала во 89. минута дојде до победа против Келн од 2:1.
Баварците поведоа уште во осмата минута со гол на Коман, а Љубичиќ во 81. минута од пенал изедначи на 1:1. Со реми Дортмунд ќе беше шампион, но Мусиала во самиот финиш ја донесе титулата за Баерн Минхен, 11-та по ред.
Од Бундеслигата испадна Шалке кој загуби со 4:2 кај Лајпциг, Штутгарт ќе игра бараж за опстанок откако одигра само 1:1 против Хофенхајм. Овој резултат им одговараше на Аугсубрг и Бохум кои се спасија од испаѓање.
Унион Берлин со 1:0 го совлада Вердер Бремен и го сочува четвртото место кое ги води во Лигата на шампионите.