Наставник истепал основец во училиште на Бит Пазар

Малолетно дете било физички нападнато од наставник во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.

Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.

„На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И.“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави