И денеска масовно собирање на граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број.

Исто така и голем е бројот на припадници на КФОР, кои со опрема за разбивање демонстрации утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Припадниците на КФОР во населбата Звечан поставија жицата по целата улица.

Војници со штитови стојат и на крстосницата. За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се пооддалечени од припадниците на КФОР.

Како што пренесуваат медиумите, на северот на Косово ноќта поминала мирно, а помала група граѓани останала пред зградата на општина Лепосавиќ.

Со граѓаните утрово се и лидерите на Српската листа Игор Симиќ, Горан Ракиќ, како и Александар Спириќ. Таму и денеска е лидерот на ГИ српски Опстанак, Александар Арсенијевиќ.

Треба да знаете
Последни објави