Девојка и момче решиле да стапат во брак по двонеделна романса – како начин да се уверат дека врската ќе успее.
Тие тврдат дека, иако се заедно многу кратко, мислат дека бракот е најдобриот начин да се посветат еден на друг.
Клара Бел (18) и Треј Бел (20) се венчале на плажа на Флорида на церемонија со матичар што чинело 200 долари – само три часа откако решиле да го врзат јазолот.
Невестата тинејџерка Клара, од Луисвил, Кентаки, ја објави својата импровизирана свадба на Тикток минатиот месец, каде сподели видео со наслов „се мажам за три часа, бидете во тек“.
Последователните видеа со фотографии од младенците прегрнати на плажа добија повеќе од пет милиони прегледи и илјадници коментари.
Во Флорида, можно е да се добие дозвола за брак и да се венча истиот ден, но паровите мора претходно да завршат предбрачен курс, инаку се чека три дена.
Клара и Треј не објаснија кога и дали го поминале курсот.