Семејствата на бранителите се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата во Ѓорче Петров

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

Како – Сакаме да изразиме огромна благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот значаен чекор. Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме.По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство. Апелираме да не се застане тука и повикуваме останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека постоиме и сме дале значаен придонес во градењето на ова парче земја. Секогаш за Македонија!, соопштија од Здружение на воени ветерани “Бранител 2001”.

Советниците воедно изгласаа и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски” и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, или одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции.

На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион” или проект кој треба да донесе нова пречистителна станица во с.Орман, првпат во историјата на ова населено место.

Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зелено светло”.

Треба да знаете
Последни објави