Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во проштална средба го примиамбасадорот на Република Финска за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Перти Иконен. Министерот Димитров се заблагодари за личната посветеност на амбасадорот Иконен во развивањето на билатералните односи, како и неговиот професионален ангажман кон интензивирање и унапредување на соработката во различни области од заемен интерес. Министерот потенцираше дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката и искреното пријателството од финската Влада за остварување на нашите стратешки приоритети со очекување истата да продолжи со засилено темпо, особено за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, кое започнува на 1 јули 2019 година. Посакувајќи му среќа и успех во натамошната кариера, министерот Димитров на Амбасадорот му врачи благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на македонско – финското пријателство.