Војводата и војвотката од Сасекс ја објавија традиционалната семејна божиќна честитка со фотографија што го обиколи светот, а на која е и нивната ќерка Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор.
Ова е прва фотографија од малата Лили, покрај неа е и нејзиниот постар брат Арчи.
Пораката на честитката гласи: „Среќни празници. Оваа година, 2021 година, ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет на свет. Арчи нè направи ‘мама’ и ‘тато“, а Лили нè направи семејство“.
Картичката, исто така, ги истакна добротворните организации блиски до срцето на Сасексови. Пораката продолжи: „Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 година, направивме донации во ваше име за неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата – од оние кои се преселени од Авганистан, до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство. Понатаму наведени се неколку добротворни организации како и Маршаловиот план за мајки.
Двојката ја заврши својата порака со: „Ви посакуваме среќна празнична сезона и просперитетна Нова година, од нашето семејство до вашите семејства! Како и секогаш, Хари, Меган, Арчи и Лили“.
Прекрасната семејна фотографија ја направи нивниот свадбен фотограф Алекси Лубомирски ова лето во домот на парот во Санта Барбара, Калифорнија.
Оваа година е првиот Божиќ за Сасексови како четиричлено семејство.