Попладнево можеа да се забележат камиони на граничниот премин Богородица со соседна Грција кои превезуваат ЈLTV оклопни возила од американско производство.
Лесно тактичко возило (JLTV) е дел програма на Армијата на САД, американскиот поморски корпус и командата за специјални операции.
Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила се менува ликот на Армијата, се засилува нејзината борбената готовност и се зацврстува безбедноста на Република Македонија и НАТО Алијансата.
Конвојот оклопни возила што ќе биде на располагање на АРМ е последната од низата придобовки од членството во НАТО.