Крим е руски регион и неговата припадност кон Русија не е доведена во прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи му на новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој им вети на Украинците дека ќе им го врати Крим.
„Зборувајќи за Крим, ние постојано повторувавме дека таква тема не постои и не може да постои, тоа е еден од руските региони”, рече Песков, објави агенцијата ТАСС.
Зеленски „може и мора да го реши” внатрешниот проблем врз основа на јасно утврден план со договорот од Минск, рече тој.
Песков рече дека, засега, во агендата не е планирана средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.