Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска „Агроунија“ ДООЕЛ со поддршка на Општина Илинден, традиционално ја организира манифестацијата „Ден на пченицата 2023“.
Како што е најавено, присутните ќе имаат можност да направат обиколка на опитно поле, на микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти, како и да се информираат за семепроизвотството и за материјалот за селекција.
Разменети ќе бидат мислења и впечатоци, а предвидени се и обраќања на претставници од МЗШВ, Водостопанство на Република Северна Македонија и Општина Илинден.