По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, попладнево на „Школка“ во Градски парк ќе биде изведена претставата „Волшебникот од ОЗ“.
Претставата е во продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава“, а играат Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиќ, Јосиф Блажев, Теодора Трајковева, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски и Ана Марковиќ.
Министерството за култура ја најавува претставата како вистинско уметничко доживување за децата и апелира да дојдат и да ја гледаат сите семејства, деца, институции за грижа на децата, како и љубители на културата да дојдат во Градскиот парк и
-Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана до сите семејства, деца, институции за грижа на децата, како и до љубителите на културата. Ве очекуваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој значаен ден, да бидеме на европската мапа преку магијата на театарот. Продукцијата ветува дека ќе биде незаборавен настан како за децата така и за родителите, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Креативниот тим за „Волшебникот од ОЗ“ е составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.