Екипата на Торонто го победи Милвоки со 118:112 во третиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот. До триумфот остварен ноќеска на домашен терен, канадскиот тим стигна по две продолженија.
Моменталниот резултат во серијата е 2-1 за Милвоки.
Најдобар играч на натпреварот беше Каваи Ленард со 36 постигнати поени, девет скокови и 5 асистенции. Во поразениот тим се истакна Џорџ Хил со 24 поени.
Следниот натпревар ќе се игра на 22 мај исто така во Торонто.
Во другото полуфинале Голден стејт има водство над Портланд со 3-0 во серијата прв до четири победи.