Полската влада нема да соработува со планот за принудно преместување мигранти предложена од Шведскиот совет на Претседателството со ЕУ, соопшти вчера тамошното Министерство за надворешни работи.
Стокхолм го поддржа предлогот на Европската Комисија во врска со реформата на системот за миграција и азил на ЕУ, која вклучува релокација на 120.000 мигранти годишно или еквивалент од 22.000 евра по мигрант што треба да ги платат земјите кои одбиваат да ги примат новодојдените, велат извори од ЕУ за Полската агенција за печат (ПАП).
„Полска нема да се согласи со шемата за задолжителна релокација, систем кој веќе се покажа апсолутно неефикасен и штетен. Време е да се сконцентрираме на елементарните предизвици и на ефективнтеи алатки, а не на псевдо-решенијата“, вели полскиот заменик-министер за надворешни работи, Шимон Шинковски вел Сек, за „ТВП Инфо“.
Полска ефикасно се справи со најголемата миграциска криза по Втората светска војна, рече Вел Сек, алудирајќи на бегалскиот бран по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Полска прими 2 милиони бегалци, а повеќе од 10 милиони ја поминаа полско-украинската граница од 24 февруари 2022 година,“ истакна тој.
Реформата за миграција и азил беше на агендата на состанокот на амбасадорите на ЕУ во средата. Појдовна точка во дискусијата беше предлогот на ЕК, што, ако што рече полскиот постојан претставник Анджеј Садош, Полска категорично го отфрла.
Според ПАП, Садош на средбата рекол дека предложениот систем не обезбедува доволно мерки за солидарност. Варшава, исто така, се спротивставува на опцијата за финансиски придонес наместо прифаќање мигранти, што Садош го нарече казна за одбивањето да го профати планот.
„Задолжителната релокација не била, не е и нема да биде во предлогот,“ појасни шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард.
„Задолжителната солидарност е друга работа“, напиша таа на Твитер минатата недела, објаснувајќи дека земјите што не сакаат да примаат азиланти може да придонесат со пари или со изградба на капацитети.
Шведската влада сака да ги заврши разговорите до јули, кога претседавањето со Советот на ЕУ ќе ѝ го пренесе на Шпанија, додека Германија се уште се двоуми дали да ја поддржи реформата во нејзината сегашна форма.
За усвојување на предлогот од страна на извршната власт на ЕУ е потребно двотретинско мнозинство меѓу земјите-членки на ЕУ, а сè уште е далеку од сигурно дали поборниците на реформата ќе го добијат.