Поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума се појави денес пред судот поради обвиненија за корупција, перење пари и рекетирање.
Високиот суд во Петермарицбург, во источната провинција Квазулу-Натал, го обвини Зума (77) дека примил мито кога владата купувала оружје во 1999 година.
Зума беше претседател на Јужна Африка од 2009 до 2018 година, кога неговата владејачка Партија на националниот конгрес го принуди да се повлече поради обвиненијата за корупција.
Кривичните тужби против Зума за првпат беа покренати пред повеќе од 10 години, но националното обвинителство ги повлече во 2008 година.
Обвиненијата беа повторно покренати откако судот одлучи дека има доволно основи за да му се суди.
Поранешниот финансиски советник на Зума, Шабир Шаик, беше осуден за измама и корупција во 2005 година.