Мицкоски: Канализациона мрежа во Конче од 21 милион денари, и ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари

Почитувани,

Денеска сме овде во Конче заедно со градоначалникот Златко и останатите кои што се дел од тимот кои што навистина даваа над човечки напори за да можеме да сите овие проекти кои што биле дел, или се некако поврзани со изборната програма која што беше презентирана за време на кампањата во 2021 година да бидат реализирани.

Ова што го спомена градоначалникот е проект кој што е финансиран од програмата на ТАВ, проект кој што до крајот на годината треба да биде завршен, инвестицијата е околу 350.000 евра или  21 милион денари. Претходно во едно населено место видовме едно детско игралиште, кое што заедно со партерното уредување на тоа населено место е завршено од страна на општината, инвестиција вредна околу 4 милиони денари.

Можевте да видите дека и општинската зграда, платото се реновира и уште многу други проекти кои што во периодот се заврши, а некои се почнати проекти кои што ќе бидат и во иднина завршени и затворени.

Така што јас сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата која што е дел од овој процес и само им посакувам да продолжат во таа насока и во иднина да се движат, за да можеме да покажеме дека не се сите исти во Македонија како што се обидуваат од владата на ДУИ подржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ да ги претстават политичарите во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави