Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Молдавија се сретна со францускиот претседател, Емануел Макрон.
Вучиќ рече дека на Макрон му се заблагодарил за цврстиот став и за поддршката што ѝ ја дал на Србија во однос на последните случувања во Косово.
„Изразив загриженост за најновата ескалација на насилството во Косово, а со претседателот Макрон разговарав и за понатамошните чекори за одржување на мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучиќ по средбата.
Макрон претходно ја прозва Приштина дека е одговорна за немирите на сверот во Косово.