ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја донесе изолацијата со прифаќањето на бугарските диктати
Соопштение до јавноста, реакција на изнесените ставови на Димитар Ковачевски, во Тема на денот на ТВ Сител
Проблемот на Владата е, тоа што Ковачевски наместо за граѓаните, работи за агендата и приватните интереси на ДУИ. Така изгледа уценет премиер кој по принципот купи ден помини се задржува на функција.
Никогаш не била спорна потребата за изградба на Коридорите 8 и 10д, спорно е што ќе се потрошат неколку милијарди евра за спорен договор, договорен без тендер, во 4 очи со бројни сомнежи за корупција и тоа на грбот на граѓаните. Додека народот зема 250 евра плата, специјалистите договорени со договорот на Ковачевски и Груби ќе земат 36 илјади евра месечно. Спорно е и што македонските градежни компании ставаат клуч на врата, а компанијата која владата ја договори ќе земе над 300 милиони евра аванси и пенали без фрлена лопата. Историскиот проект завршува со историско крадење.
Не е во прашање блокада на проектите од опозицијата, туку блокада за криминал и неспособност.
Што се однесува до лидерската средба Ковачевски треба да се однесува посериозно. Не е коректно што уставните измени патуваат кон собранието, стокмени и напишани, по бугарски терк, а премиерот збори за лидерска средба.
И не е точна тезата на Ковачевски дека ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација. Изолацијата веќе Ковачевски ја донесе со прифаќање на сите бугарски диктати. Кога нема да се случат уставните измени единствено што е сигурно дека Ковачевски ќе треба да си даде оставка.