По многу перипетии, протести и одложувања улицата Симеон Кавракиров во Аеродром конечно се реновираше, но се уште не е свечено и официјално пуштена во употреба, иако истата се користи за сообраќај.
Позната по протестите за зачувување на прекрасниот дрворед кој беше исечен за да се прошири улицата, сообраќајницата и по реновирањето пак се прекопува.
Од пред неколку дена улицата беше поплавена во делот каде беше правен спојот со претходно реновираниот дел, каде најверојатно поради лошо изведени градежни работи дошло до пукање на водоводна цевка.
Проблемот по неколку дена возење низ вода беше решен, откако багерите пак се вратија на улицата и ја ископаа.