Низ соопштенија двете партии на олигархијата СДС и ДПМНЕ кои совршено кохабитираат за меѓусебно овозможување на криминалите, пред т.н. “лидерска средба” која води кон бугаризација на Македонија, приредуваат политички циркус за замајување на народот.
Левица е единствената кочница во овој погубен процес и канал за артикулација на народната воља во институциите. Водени од заеднички интерес, СДС и ДПМНЕ координирано го спремаат теренот за повторно наметнување на бугарскиот ултиматум кој народот одлучно го одби на минатогодишните протести.
Во јавноста веќе не поминува лажната спротиставеност на овие партии, бидејќи јасна е нивната сродност во приказната за “европска извесност” која не е ништо повеќе од мамец за расчеречување на државата.