Македонската фудбалска репрезентација ќе биде без услугите на Ваљон Етеми. Тој е повреден и нема да може да одговори на повикот на селекторот Благоја Милевски.
“Ваљон Етеми поради повреда не е во можност да се стави на располагање на А репрезентацијата на Македонија за претстојниот собир и
натпреварите против Украина и Англија од квалификациите за ЕП 2024″, информираат од ФФМ.
Македонија ја очекуваат мечеви со Украина и со Англија во квалификациите за ЕВРО 2024.