Капитенот на Вест хем, Деклан Рајс е подготвен да ги одбие понудите на Арсенал и Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Германија, поточно во Баерн Минхен, јавува „Скај спортс“.
Се очекува „чеканите“ ова лето да се согласат на трансфер на нивниот најдобар фудбалер, и според „Скај“ имал позитивни преговори со германскиот шампион во Лондон и е согласен на преселба доколку двата клуба се согласат.
Вест хем постојано тврдеа дека неговиот трансфер нема да може да биде под 100 милиони евра, и останува да се види дали Баварците ќе се согласат на оваа сума.