Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска објави дека општината целосно го затрупала градилиштето на улицата „9 мај“, во близина на Универзаланта сала.
Станува збор за јама за изградба на објект за кој инвеститорот имаше градежна дозвола, но според општинските власти тој градеше надвор од одобрението за градба.
Затрупувањето на градилиштето почна во четвртокот.. Случајот предизвика големо внимание во јавноста и поради тоа што поради необезбедената градба во еден момент пропадна и дел од улицата непосредно до градилиштето.