СВР Охрид: Еден загинат во сообраќајката кај Кичево

Еден загинат и повеќе повредени во страотната сообраќајка што се случи пред околу еден час се случи на магистралниот пат Кичево Охрид, потврдија од СВР Охрид.

Според првичниот увид, сообраќајката се случила во 14 часот, кај кичевското село Дреноец.

-Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобили „пасат“ и „сузуки марути“, со кичевски регистерски ознаки. Во судирот загинало едно лице. Сообраќајот е во прекин, а полицијата прави напор да се оспособи една коловозна лента, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Како што претходно информиравме, пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.

 

Треба да знаете
Последни објави