Околу 50 полицајци и непознат број демонстранти се повредени во текот на ноќта во немирите во источниот германски град Лајпциг, изјави началникот на локалната полиција Рене Демлер.
Демлер рече дека насилството било „непромислено и екстремно“ и дека акцијата на полицијата била неопходна за да се деескалира.
Полицијата уапсила 30 лица и привела дополнителни 40, кои попладнево биле пуштени на слобода.
Членовите на левичарската сцена во Германија, и покрај забраната за протести, се собраа во Лајпциг за поддршка на неодамна осудената радикална левичарка Лина Е.
Оваа недела таа беше осудена на долгогодишна затворска казна поради организирање физички напади врз припадници на неонацисти од екстремната десница.
Градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг ги бранеше постапките на полицијата, која беше цел на критики.
„За жал, можеме да видиме како насилните елементи интервенираат на мирен собир, кој беше најавен, кој беше злоупотребен, а резултатот е избувнување на насилство“, рече тој.
Јунг ја оправда одлуката за забрана на уште два други демонстрации и се заблагодари на полицијата за нивната работа.